20/04/2024
Спорт

СРЦ „Билјанини Извори“ домаќин на фудбалски турнир во организација на PricewaterhouseCoopers

Охрид и Спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“ се домаќини на уште еден голем рекреативен спортски настан во организација на консултантската куќа ПрајсвотерхаусКуперс (PricewaterhouseCoopers).

600 учесници од 26 држави од Европа и Канада се гости на Охрид и Македонија. 32 тимови во машка и 19 во женска конкуренција се дел од фудбалскиот турнир кој е традиционален и се организира еднаш годишно за потребите на вработените во компанијата.

„Македонија и Охрид се за прв пат домаќини така што се надеваме дека впечатоците на сите учесници ќе бидат позитивни и афирмативни за нас, за нашиот град и држава. Овој голем спортски настан организиран надвор од летната сезона закупува голем број на хотелски капацитети што уште еднаш докажува дека поддршката и интересот во развојот на спортската инфраструктура во Охрид е од интерес на сите нас. Искрено се надеваме дека во иднина ќе имаме уште поголемa поддршка од институциите и приватниот сектор во насока на реализација на нашата визија за подобрување на условите во СРЦ „Билјанини извори“.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.