25/04/2024
Македонија

Средба Лазовски – Гајевиќ во Белград: Подобри услови за зајакнување на културната размена

Заменик министерот за култура република Македонија, Владимир Лазовски присуствува во работна посета во Белград, Р.Србија, при што оствари средба со Александар Гајовиќ, државен секретар во Министерството за култура на Република Србија….

На средбата која се одвиваше во традиционално добра и пријателска атмосфера, двајцата соговорници дискутираа за создавање подобри услови за понатамошно зајакнување на културната размена, како и за можностите за поттикнување и поддржување на директни контакти меѓу националните институции од областа на културата во Република Македонија и Република Србија во повеќе области и тоа: изведувачка, визуелна, применета, аудиовизуелна уметност, како и во областа на културното наследство.

Заменик-министерот Лазовски и државниот секретар Гајевиќ разговараа и за заедничките приоритети во соработката и се заложија за активно и партнерско учество во регионални, европски и меѓународни програми и во проекти на меѓународните организации и иницијативи во областа на културата и уметноста, како и за застапување на повеќе проекти за унапредување на дејствувањето на српската заедница во Република Македонија и македонската заедница во Република Србија.

Заменик – министерот Лазовски ја искористи оваа можност да изрази благодарност за дадената поддршка од страна на Србија за востановувањето на Координативниот центар за културна соработка во рамките на Иницијативата „16+1“ за соработка меѓу НР Кина и Централна и Источна Европа, којшто ќе се отвори идната година во нашата земја.