28/03/2024
Македонија

Средба на државниот секретар Несторовска со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти

Државниот секретар во МВР, г-ѓа Магдалена Несторовска оствари средба со раководителот на Европскиот центар за борба против криумчарење мигранти (EMSC) г. Роберт Црепинко, по што се реализираше посета на новофомираната Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе на Република Македонија и Секторот за меѓународна полициска соработка.

Црепинко ја поздрави одлуката за формирање на Национална единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе и изрази подготвеност за натамошна соработка. Исто така беше дискутирано за трговијата со луѓе и илегална миграција во Република Македонија од аспект на поддршка и вклучување на Европол, согласно можностите кои ги има на располагање, како и организирање прилагодени обуки, со цел изработка на аналитички продукти слични на оние кои ги изработува ЕВРОПОЛ EMSC и дискутирање на идни можности за соработка.