29/03/2024
Македонија

Средба на Државниот секретар во МНР на РМ Димовски со заменик министерот за одбрана на Чешка Ландовски

Денес, државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Република Македонија, Виктор Димовски оствари средба со Заменик министерот за одбрана на Република Чешка, Јакуб Ландовски.

Државниот секретар Димовски изрази задоволство од воспоставените блиски политички односи меѓу двете земји и конструктивната и отворена соработка, демонстрирана и потврдена со конкретни и суштински проекти.

дсек3

Воедно, информира за актуелниот развој на состојбите во Република Македонија, постигнатиот напредок во односите и соработката со соседните земји, како и реализацијата на стратешките приоритети на земјата, членстото во НАТО и почетокот на преговорите за членство во Европската Унија.

Во овој контекст изрази очекување за поддршка од страна на Република Чешка, особено во претстојниот период,  во пресрет на состанокот на Советот на Европската Унија (28-29 јуни 2018) и Самитот на НАТО (11-12 јули 2018), во Брисел.

дсек1

Заменик министерот за одбрана на Чешката Република, Ландовски ја повтори поддршката која неговата земја во континуитет ја дава на Владата на Република Македонија, во процесите на остварување на евро-атланските аспирации на Република Македонија.

Двајцата соговорници разменија мислења и за актуелните политичко-безбедносни состојби во регионот и пошироко, како и за можностите за интензивирање на билатералните односи и соработка меѓу двете земји.