28/03/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Георгиески со албанскиот амбасадор Река

Градоначалникот Константин Георгиески, денеска имаше протоколарна средба со Фатос Река, амбасадор на Република Албанија во Република Северна Македонија. Двајцата соговорници оценија дека односите на двете земји се на високо ниво и дека тоа отвора нови  можности за унапредување на веќе воспоставената соработката меѓу крајезерските градови Охрид, Струга и Поградец.

На средбата  посебно беше потенцираната трансграничната соработка и заедничко аплицирање за користење средства од европските и меѓународните фондови за заштита на Охридското Езеро и културното богатство во регионот.