28/03/2024
Охрид

Средба на градоначалникот Стојаноски со претставници на Здружението „Херои на Македонија“

Градоначалникот Јован Стојаноски, денеска имаше средба со претставници на Здружението на фамилиите на загинатите припадници на вооружените сили на Македонија „Херои на Македонија 2001-2015“ . На средбата на која учесвуваше и началникот на Секторот за внатрешни работи од Охрид Сашо Смилески, претставниците на здружението побараа вклучување на Локалната самоуправа во одбележувањето на ликот и делото на загинатите бранители.

Заеднички беше договорено општина Охрид да организира меморијален турнир во мал фудбал кој ќе го носи името на загинатиот бранител Благојче Крстаноски од селото Ливоишта, а здружението до Советот на општина Охрид да достави барање за покренување на постапка, една улица да го носи името на загинатиот бранител Благојче Крстаноски. Локалната самоуправа, како што беше речено на средбата,  и оваа година ќе го поддржи  традиционалното дружење на семејствата на бранителите кое ќе се одржи од 24.06 до 01.07.2018 година во одморалиштето на Министерството за внатрешни работи во Охрид.