18/04/2024
Македонија

Средба на министерот Адеми со делегација од Италија

Министерот за култура на Република Македонија Асаф Адеми денеска во просториите на Министерството оствари средба со делегација од Министерството за културни добра и културни активности на Италија предводена од заменик-министерката  Лучиа Боргонѕони…

min-1

Адеми и Боргонѕони подвлекоа дека меѓу двете земји постои традиционално одлична соработка во сите дејности од културата што се потврдува и со потпишаната четврта Програма за соработка за периодот 2016 – 2019 година.

Соговорниците во текот на средбата се осврнаа на досегашната соработка, но и на идните активности со кои би се продлабочиле културните врски меѓу двете земји. Беше оценето дека досегашната соработка во културата резултираше со размена на многубројни проекти и гостувања на македонски и на италијански уметници на манифестациите во двете земји. Министерот за култура Адеми го изрази своето задоволство и од соработката меѓу двете земји во областа на аудиовизуелната дејност, во чии рамки е и потпишаниот Договор за развој на копродукциски проекти.  Истовремено, беше истакната и важноста на реализацијата на Филмскиот фестивал за деца и млади „Џифони“, кој има исклучително значење за подигнувањето на свеста кај младите за филмската уметост.

DSC_1087

На средбата, која помина во исклучително пријатна и срдечна атмосфера и на која присуствуваше и амбасадорот на Република Италија во Република Македонија, Карло Ромео, беше заклучено дека добрата соработка во областа на културата што ја негуваат двете земји ќе продолжи и во периодот што следува.