Средба на министерот Дураки со амбасадорот Дукс

Министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки оствари работна средба со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Н.Е. Ласло Иштван Дукс.

Целта на средбата беше зајакнување и унапредување на билатералните односи во сферата на заштита на животната средина и разгледување на можностите за добивање на техничка и финансиска поддршка од Р.Унгарија во процесот на пристапување кон ЕУ

Двете страни изразија задоволство од досегашното високо ниво на билатерални односи во сферата на заштита на животната средина и подготвеност за соработка во областите управување со отпад и отпадни води, управување со заштитени подрачја, управување со води, искористување на ИПА фондовите и еко-етикетирање.