18/04/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со амбасадорката на Канада

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со новоименуваната нерезидентна амбасадорка на Канада за Србија ,Црна Гора и Македонија Н.Е. Кетлин Чаба. Министерот Спасовски и го честита именувањето на амбасадорката Чаба, посакувајќи и успех во работата и изразувајќи надеж за добра соработка меѓу двете земји и во иднина.

На средбата се разговараше за безбедносната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и безбедносните служби на Канада,особено во делот на Секторот за меѓународна полициска соработка -Националното Централно биро. Исто така на средбата беше разговарано и за предлог иницијативата за потпишување на билатерален договор за взаемно признавање на возачки дозволи меѓу Република Македонија и Канада.