20/04/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Катар

Денеска во Министерството за внатрешни работи, се одржа работна средба помеѓу Mинистeрот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски и Амбасадорот на Државата Катар во Република Македонија Н.Е. Хасан Бин Абдула Заид Ал Махмуд.

На средбата Министерот Спасовски ја посочи важноста во наредниот период посебно внимание да се посвети на правната основа за соработка во областа на внатрешната безбедност помеѓу двете земји . На тој начин би постоела правна рамка со која би биле уредени заедничката борба против организираниот криминал, борбата против тероризмот, недозволената трговија со оружје, недозволената трговија со оружје и други области кои ја засегаат безбедноста на двете земји. Исто така на средбата стана збори за одличните пријателски односи помеѓу двете земји кои во иднина би требало дополнително да се развиваат во сите сфери на општественото живеење, а на крајот од средбата Министерот беше поканет на официјална посета на Државата Катар, при која би се оствариле средби со Министерот за внатрешни работи на Државата Катар, а воедно и Премиер на Државата Катар.