17/04/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Кувајт

Денеска министерот за внатрешни работи на Република Македонија Оливер Спасовски одржа работна средба со нерезидентниот aмбасадор на Државата Кувајт Н.Е Јакуб Ал-Атики, акредитиран во Република Македонија, со седиште во Република Бугарија.

На средбата беше потенцирано воспоставувањето официјална соработката помеѓу Министерството за внатрешни работи на Република Македонија и Министерството за внатрешни работи на Државата Кувајт која во иднина ќе придонесе за зајакнување на меѓусебната комуникација преку непосредна и брза размена на информации од безбедносен карактер, што ќе биде од голема полза за двете институции. Воедно, двајцата соговорници изразија подготвеност за потпишување Меморандум за соработка од областа на безбедноста, кој е во финална фаза на усогласување. Меморандумот претставува добра платформа за понатамошна соработка во сите области од аспект на безбедносните прашања.