18/04/2024
Македонија

Средба на министерот Спасовски со командантот на КФОР Салваторе Куочи

Денеска во просториите на Министерството за внатрешни работи министерот Оливер Спасовски имаше работна средба со командантот на КФОР Салваторе Куочи. Двајцата соговорници ја потенцираа одличната соработка, која се одвива непречено на повеќе нивоа. Спасовски и Куочи ја потенцираа потребата од постојана и продлабочена соработка при размената на информации, особено околу граѓаните кои учествувале во конфликтите во државите од Блискиот Исток, а се враќаат на Балканот.

Командантот на КФОР изрази благодарност за досегашната соработка со МВР околу движењето на територијата на Република Македонија, како и за секаква медицинска помош која би можела да биде потребна.

Работни средби и состаноци меѓу припадници на МВР и КФОР се одржуваат на сите нивоа, на највисоко меѓу министерот за внатрешни работи и командантот на КФОР, како и меѓу претставници на Одделението за соработка со НАТО во МВР и Командантот на воената полиција на КФОР, со претставници на воената полиција, НАТО канцеларијата за врски и Офицерот за контакт на КФОР во Република Македонија.