24/04/2024
Македонија

Средба на премиерот Заев со Претседателот на парламентот на Малта, Анџело Фаруџиа

Премиерот Заев во рамките на официјалната посета на Малта имаше средба со Претседателот на парламентот на Малта, Анџело Фаруџиа, на која се разговараше за зајакнување на соработката на законодавните домови на двете земји.

Премиерот Заев го информираше собранискиот спикер Фаруџиа дека во македонското собрание работи  Комисија за соработка со Малта која е основана во 2017 година и дека би претставувало значаен исчекор доколу слична пармалентарна група се основа во парламентот на Малта.

Фаруџиа на средбата изрази поддршка за силната воља на македонската влада во имплементација на реформите и враќање на основните демократски начела на владеење на право, посочувајќи дека Македонија е на вистинскиот пат кон интеграцијата во Европската Унија.