19/04/2024
Македонија

Средба на Претседателот на Влада на РМ, Зоран Заев и Претседателката на Р. Малта, Марија Луис Колерио Прека

Во рамките на официјалната посета на Република Малта, премиерот Заев утрово оствари средба со претседателката Марија Прека на која се разговараше за зајакнување на економските релации, но и за можноста Република Македонија да овозможи конзуларни услуги во земјата.

Премиерот Заев на средбите беше придружуван од Министерот за здравство Венко Филипче и државниот секретар во МНР Виктор Димовски, Вршител на работите во Амбасадата на Македонија во Рим, Италија, Магдалена Димовска.

Премиерот Заев на средбата истакна дека македонското стопанство е подготвено да го зајакне присуството на Малта преку интензивирање на соработката на Стопанските комори на двете земји.

Од страна на претседателката Прека, е изразена поддршка околу идејата за отворање на конзуларно претставништво на Република Македонија во Малта имајќи ги во предвид зголемениот број на македонски граѓани кои работат во Малта.

Премиерот Заев по завршување на тет-а-тет средбата со претседателката на Малта се потпиша во Книгата на спомени во претседателската палата Сан Антон во Валета.