28/03/2024
Охрид

Средба на в.д. градоначалникот Георгиески со директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам, Љимани

Унапредувањето на соработката во областа на справувањето со бесправното градење, беше тема на работниот состанок на в.д. градоначалник на Охрид Константин Георгиески и директорот на Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам Локман Љимани.

На средбата заеднички беше констатирано дека е потребна поефикасна и координирана соработка меѓу двете институции и креирање на применливи мерки за спречување на дивото градење на индивидуални и колективни станбени згради.