18/04/2024
Македонија

Средба помеѓу Димитров и Рикер

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денес оствари средба со Филип Рикер, цивилен заменик и политички советник на командантот на Европската команда на Воените сили на САД.

Димитров упати честитки до амбасадорот Рикер за неговото именување на функцијата помошник државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, посакувајќи му успех во извршувањето на функцијата. „Вашето именување на оваа исклучително одговорна функција е добра вест за Регионот, Европа и за трансатлантската заедница“, рече МНР Димитров.

040319OA MNR Dimitrov Sredba so Filip Riker 2219

На средбата беа разменети мислења за актуелните состојби во Република Северна Македонија и во Регионот. 

Амбасадорот Рикер упати честитки за постигнатиот договор со Грција со кој се стави крај на спорот околу името и со кој се отвораат вратите кон заслуженото место на Република Северна Македонија во НАТО. „Сите во САД се свесни и го препознаваат успехот што го постигнавте со договорот од Преспа“, порача Рикер, истакнувајќи дека САД ќе продолжат и натаму активно да го поддржуваат регионот на патот кон интеграциите во ЕУ и НАТО.

040319OA MNR Dimitrov Sredba so Filip Riker 2231