29/03/2024
Охрид

Средба со жителите од Опеница, Речица, Плаќе, Завој и Свиништа

На средбата на секретарот на општина Охрид Игор Бежоски и дел од неговите соработници со граѓаните од месните заедници од Опеница, Речица, Плаќе, Завој и Свињишта, што се одржа синоќа, се разговараше за главно за комуналните проблеми и динамиката на нивното решавање.

Жителите побараа проширување на патот, изградба на водовод и санирање на оштетувањата што се направени при изведувањето на градежните работи на малата хидроелектрана во Речица, во Свињишта да се прошири локалниот водовод, да се санираат оштетувањата на патот по интервенциите на водоводниот цефковод на ЕМО и да има забрана за движење на тешки товарни возила.За селото Плаќе жителите бараат доасфатирање на локалниот пат, завојчани бараат доасфалтирање на патот во селото, а подобрување на постојната комунална инфраструктура побараа жителите од сите месни заедници.

Претставниците на Локалната самоуправа, најавија дека им се познати проблемите и дека тие ќе се решаваат со приоритети. За дел од комуналните зафати на ова подрачје веќе има изготвено проектна и техничка документација, а дел се во фаза на изработка. За нивна реализација покрај од буџетот на општина Охрид, финансиски средства ќе се бараат со аплицирање пред домашните и странските фондови.