20/04/2024
Охрид

Средношколци од градот Каен во посета на Општина Охрид

Заменик градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, денес прими група од 20 средношколци  и четири професори од најголемата гимназија со 2 300 ученици од  градот Каен- Долна Нормандија. 

Заменик градоначалникот Георгиевски им посака  пријатен престој на гостите  во градов  по што беше информиран дека посетата на Охрид и Македонија има лингвистички и културолошки аспект. Од една страна учениците од Франција на соучениците Македонци им помагаат во изучување на францускиот јазик, а од друга страна  француските деца поблиску ја  запознаваат македонската култура и историја.

На средбата беше истакнато дека француските гимназијалци изминатиов неколкумесечен период работеле историска тема која се однесува на загинување на македонски војник во Долна Нормандија и на француски војник во Македонија во периодот на првата Светска Војна.

Гостите од Франција се една недела во Македонија, а два дена престојуваат во Охрид. Охрид и Каен  имаат потпишано протокол за соработка во  2009 година.