25/04/2024
Охрид

„Стаклена менажерија“ во петок пред охриѓани

Претставата „Стаклена менажерија“ од Тенеси Вилијамс, на 18ти октомври (петок), со почеток во 20 часот повторно ќе биде изведена во ЦК „Григор Прличев“ во Охрид. Претставата е освои НАГРАДА НЕТА на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица во месец септември, за актерска инвентивност посветеност во остварувањето на режискиот концепт.

Во претставата играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска, Филип Кипровски. Истата е во режија на Софија Ристевска Петрушева, превод: Јасмина Петровска, Сценограф:, Михаел Димитровски, Костимограф: Андреј Ѓеоргиевски, Кореограф: Кире Миладиноски, Фото и дизајн: Петар Тасевски.

„„Стаклена менажерија“ е претстава за комплексите, несигурноста и суровоста на современиот човек, кој сосема ја загубил солидарноста и сочувството кон послабиот. Во ова време на либерален капитализам, хуманоста полека исчезнува. Стаклена менажерија е емоционално патување низ комплексноста на семејните односи. Претставата е болен крик за големата неспособност на човекот да љуби“. вели Софија Ристевска Петрушева.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066.