Стартува пролетниот дел од училишните спортски лиги

Пролетниот дел на училишните спортски лиги за основни и средни училишта започнува во петок. Спортските лиги ќе започнат со натпреварите во футсал, кои ќе се играат во балон салата „Климент Колески“ од 09 до 12 часот.

Организатор на училишните спортски лиги е Сојуз на училишен спорт Охрид, а се реализираат под покровителство на општина Охрид.