20/04/2024
Македонија

Стипендии за летен јазичен курс за германски јазик

BAYHOST (Академски центар за Централна, Источна и Југоисточна Европа од Баварија) е институција за соработка на сите универзитети, универзитети за примелниви науки и високообразовни институции за различни видови на уметност во Баварија и истата поддржува меѓународна академска соработка и размена на студенти.

BAYHOST промовира академска размена меѓу Баварија и земјите од Централна, Источна и Југоисточна Европа. Ги поддржува унверзитетите во Баварија и универзитетите за применливи науки преку поддршка на нивната соработка со академски организации во земјите партнери и со воспоставување на нови партнерства.

За таа цел, BAYHOST им нуди на студенти од Македонија, како и од земји од регионот, можност за учество во летен курс за 2018 година.
Државниот секретаријат од Баварија секоја година финансира летни курсеви за германски јазик во Баварија за студенти од Македонија. Курсевите се организирани од страна на Баварските универзитети, каде што и се одржуваат.

Потенцијалните кандидати треба да бидат студенти на еден од универзитетите во Р. Македонија, како и да поседуваат познавање на германски јазик, (најмалку А2 ниво), а стипендијата за летната школа ја вклучува партиципацијата, сместување во близина на Унверзитетот каде што се одржува курсот, како и месечни парични додатоци. Стипендијата не ги покрива патните трошоци, осигурување и трошоците за виза.

Повеќе информации околу Повикот за апликации и потребните документи за аплицирање се достапни на следниот линк:

http://www.uni-r.de/bayhost/english/scholarships/language-courses-in-bavaria/index.html