19/04/2024
Македонија

Штипскиот универзитет и Музејот на Македонија склучија договор за соработка

Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип и Музејот на Македонија вчера потпишаа договор за соработка од кој се очекува најголем бенефит да имаат студентите запишани на акдемиите за уметности …

Договорот во Штип го потпишаа ректорот на Штипскиот универзитет Блажо Боев и в.д. директорот на Музеј на Македонија, Гордан Николов. Николов истакна дека договорот е за реализација на домашни проекти, но и во однос на меѓународните проекти кои ќе ги реализираат во партнерство со Универзитетот „Гоце Делчев“.
„Ова е чин на отворање на нашиот универзитет кон Музејот на Македонија во насока на студиските програми по историја и археологијата, како и во ликовната уметност, кои се дел од нашиот универзитет“, рече ректорот Боев.