18/04/2024
Охрид

Стојаноски: Треба да се изнајде системско решение за соодветно управување со Охридското Езеро

Градоначалникот Јован Стојаноски на денешната вонредна седница на Советот на општина Охрид, во изјава за медиумите истакна дека беа преземени навремени акции за спречување на поголем помор на плашици.

„Се работи за проблем кој се јавува на територијата на општина Охрид, заради тоа и редоследно треба да се преземат одредени активности и покрај тоа што Локалната нема директни надлежности врз Охридското Езеро, во случајов и каналот Студенчишта. Заради проблемите кои ги воочивме уште пред месец дена, ние реагиравме до сите надлежни институции и побаравме да биде решен проблемот, секој во својот делокруг на активности и надлежности. Се обративме и до Министерството за транспорт и врски и до Инспекторатот за водостопанство земјоделие и шумарство, се обративме и до Хидробиолошкиот Завод, презедовме акции онолку колку што можевме, во кои беа вклучени и  ЈП „Охридски Комуналец“ и ЈП „Нискоградба“. На таков начин успеавме да го решиме проблемот кој беше настанат поради нискиот водостој на Охридското Езеро, а се претпоставуваше и дека ќе настане поголем помор на плашицата во каналот или во Езерото. За среќа имавме и обилни врнежи од дожд, за среќа имавме и соодветни активности од срана на Јавните претпријатија и на тој начин имавме многу мал помор на плашици.“ – истакна Стојаноски.

Градоначалникот Стојаноски изјави дека за проблемите со водостојот треба да се изнајде системско решение за соодветно управување со Охридското Езеро.

WebOhrid