17/04/2024
ОхридРеклами

Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ и игротека „Смајли“ со предновогодишна забава за најмалите

Викендов во просториите на игротека „Смајли“ преку 80 охриѓанчиња имаа можност да уживаат во предновогодишната забава која за нив ја организираа Игротека „Смајли“ и тимот на Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“, докажани пријатели на децата кои секогаш одвојуваат време кое со задоволство им го посветуваат токму на најмладите, едуцирајќи ги на за себе веќе препознатлив уникатен начин за грижата за оралното здравје.

Четири часа дечињата се забавуваа со тетка Анета Кловнета и маскотата Запко, добија подароци од Дедо Мраз и професионална фотографија од Love&Life Studio (Foto Emilio) како спомен од едно прекрасно предновогодишно дружење.

Стоматолошка Ординација „Д-р Сашо Стоев“ и игротека „Смајли“ Ви посакуваат среќни празници и безброј насмевки низ годината што следи!