19/04/2024
Струга

Стружанец фрлал чаши и замавнувал со нож во ноќен клуб во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична против С.К. (29) од Струга.

Тој, казненото дело го сторил на дванаесетти овој месец во 02 часот и 30 минути во ноќниот клуб „Оаза“ лоциран на улицата „Пабло Неруда“ во Струга. Пријавениот, без посебен повод започнал да фрла чаши по Ј.П. (31) од Струга, кој се наоѓал на шанкот во клубот, започнал караница и веднаш извадил нож со кој замавнувал кон него упатувајќи му сериозни закани по неговиот живот. За кратко време реагирале овластените работници од агенција за обезбедување кои го отстраниле пријавениот од угостителскиот објект и ги известиле полициските службеници.