23/04/2024
Струга

Стружанец нелегално организирал игри на среќа во Делогожда

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „приредување на игри на среќа без лиценца од надлежен орган“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.А.(30) од Струга. Истиот, неовластено и спротивно на одредбите од Законот за игри на среќа, во објект во селото Делогожда протиправно организирал игри на среќа.

На 27.12.2017 година по изготвен план од страна на криминалистичката полиција и инспектори од УЈП, извршени се контроли по објекти во кои се приредуваат игри на среќа и во посочениот објект во селото, затекнат е пријавениот како приредува игри на среќа, но без да поседува потребни документи и лиценца.