24/04/2024
Струга

Стружанец повреден во сообраќајна незгода

На 23 декември оваа година, во 07 часот и 30 минути, на улицата „ЈНА“ во Струга, случена е сообраќајна незгода во која учесник е мопед марка „Хамачи Соник“ управуван од Е.Ч.(34) од Струга. Тој, со медицинско возило е префрлен во Општата болница во Струга, каде е задржан на натамошно лекување.

Извршен е увид на местото на настанот.