19/03/2024
Струга

Стружани краделе во угостителски објект на ул.„Партизанска“

ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.К.(43) и Б.П.(32), двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“.

Тие, во текот на март оваа година, со физичка сила влегле во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Струга и одзеле повеќе апарати и бела техника, со што се стекнале со противправна имотна корист во износ од 250.000 денари.