18/04/2024
Струга

Стружани со службени картички точеле гориво во своите возила

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Р.И.(49), од струшкото село Горно Татеши, Ј.З.(53) од селото Делогожда и Б.В.(45) од селото Велешта.

Пријавените во текот на 2017 година, како службени лица вработени во правен субјект во државна сопственост-М-НАВ АД Скопје-АКЛ Охрид, во вршењето на службените должности на работни места возачи, користејќи ги задолжените безготовински картички за дополнување на гориво, истото, покрај во службените, го точеле и во сопствените приватни возила. Притоа, прикажувале лажни сметки и налози со што, се стекнале со противправна имотна корист од 640.041.84 денари.