Стружанка физички ја нападнал тетовец со кого била во љубовна врска

На 20.02.2018 година, И.Т.(30) од Струга пријавила насилство од С.З.(36) од село Копачиндол, тетовско, со кого била во љубовна врска. Според пријавата, околу 16:20 часот, по вербалната расправија, пријавениот физички ја нападнал И.Т., по што таа со такси возило е пренесена и задржана во тетовската клиничка болница за понатамошно лекување.

Се работи на целосно расчистување на случајот, по што ќе биде поднесенa соодветнa пријава.