28/03/2024
Спорт

Судиите не му дозволија на Јаховиќ да го потопи Бешикташ

Адис Јаховиќ го одигра целиот натпревар кој неговиот тим Коњаспор го одигра на домашен терен против Бешикташ.

Иако гостите први поведоа во 27 минута, Јаховиќ веднаш возврати со гол, но судијата беше на страната на Португалецот Пепе кој се пожали дека Јаховиќ го оттурнал, па го поништи тој гол. Со тоа гостите заминаа на полувреме со водство од 0:1.

Во второто полувреме Коњаспор создаваше повеќе шанси, а тоа резултираше со гол на Јаховиќ во 60 минута за изедначување на 1:1. До крајот на натпреварот Јаховиќ можеше да му донесе победа на неговиот тим, но многуте прекршоци не дозволија течна игра. Повторно „љубимецот“ на судиите Пепе беше во главна улога, откако исфрлајќи една топка, играше со рака на самата гол линија.

По 22 одиграни рунди во Турската Суперлига, тимот на Коњаспор се бори за опстанок, а со ангажирањето на Јаховиќ опстанокот е и тоа како загарантиран. Јаховиќ е на третото место на листата на стрелци со 15 постигнати голови.

https://youtu.be/Yku5LksizJo

WebOhrid