Сузбиена криминална група што се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје

Министерството за внатрешни работи во соработка со ОЈО за организиран криминал и корупција денеска 7.7.2018 спроведе мерки и активности за сузбивање на криминална група што се занимавала со недозволена продажба на дрога и оружје.

Карактеристично за оваа група е што членовите се лица кои веќе се осудени и веќе издржувале казна затвор во КПД од отворен вид Струга.

 Извршени се претреси во Струга и околината на Струга и тоа на повеќе локации, меѓу кои и во просториите на Казнено поправниот дом во Струга. При претресите во четири објекти во с. Велешта кај лицата А.Р., К.М., И.Р и  Г. Р. пронајдени се  четири пиштоли со рамки соодветни за истите, сите исполнети со куршуми.

Претрес е извршен и во домовите на Д.Б. во с. Ливада, Б.Х. во с. Радолишта , како и во стан во центарот на Струга каде престојува лицето К.М., при што кај дел од горенаведените лица се пронајдени парични средства од околу шест илјади евра  како и други материјални докази за сторени кривични дела.

Извршен е претрес и во службените простории во Казнено поправниот дом од отворен вид во Струга, како и во просториите каде лицата А.Р. и К.М. издржуваат казна затвор, при што е пронајдена и одземена документација.

При преземените мерки и активности лишени се од слобода шест лица и тоа: М.К., Р.И., Г.Р., Б.Х., Д.Б. и А.Р, а лицето А.Р. е во бегство. Дополнително лишено е од слобода и лицето Р.К. кое се бара по распишана  потерница за издржување казна затвор од 13 години по член.215 став 3 ,,Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори,, од КЗ на РМ.

Во истрагата е утврдено дека на криминалната група и помагал и инспектор во ПС Струга и против него ќе бидат преземени соодветни мерки.

Пред постапувањето на полициските служебници пред КПД Струга биле забележани две непознати лица пред затворот со патничко моторно возило ,,Форд фиеста,, со албански регистарски таблици и при обидот да бидат легитимирани, истите не поседувале документи за идентификација . При прегледот на возилото, пронајдена е марихуана и лицата се приведени.

МВР ке продолжи со активностите за обезбедување материјални докази за други лица поради постоење на основи за сомнение дека се сторители на кривични дела, злоупотреба на службена положба и по целосно документирање на случајот ке биде известено надлежното јавно обвинителство.