Свечено отворено првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019

Градоначалникот на Охрид, д-р Константин Георгиески денес свечено го отвори првото издание на Националниот Таеквондо турнир Ohrid OPEN 2019.

„Наша цел како одговорна локална самоуправа е постојаната подршка во спортот и неговото развивање и надградување како и на тимски така и на идндивидуален план. Можеме Таеквондото да го преставиме како вештина во која голем удел има и филозофијата на оваа најстара боречка вештина која преставува спој од повеќе борбени стилови и која на почетокот била користена за самоодбрана и преживување на младите луѓе. Јас ќе бидам шампион на правдата и слободата и јас ќе изградам подобар и мирен свет. Овие две реченици го потенцираат значењето на Таеквондото, вештината која не е само боречка и затоа сакам да Ви препорачам да се придржувате на ова, не само на теренот, туку и со своето општествено делување да го направите светот да биде подобро за живеење,“ – истакна Георгиевски, прогласувајќи го турнирот за отворен.

Пред присутните се обрати д-р Борче Костовски, претседател на Македонската Таеквондо федерација, кој испрати огромна благодарност до организаторот на турнирот, клубот „Хваранг Фист“ од Охрид.

„Клубот е член на Федерацијата од 2007 година и активно учествува во работењето на истата со членови во самата организација. Мора сите заедно да го промовираме овој спорт. Виновник за овој турнир е првиот човек на клубот е Ацо Јосифоски, V дан, Светски семиконтакт и европски Таеквондо шампион и повеќекратен освојувач на медаљи од европски и светски првенства,“ – истакна Костовски.

На турнирот, кој е во организација на Таеквондо клубот „Хваранг Фист“ од Охрид, а се одржува во Спортската сала „Билјанини извори“, учествуваат 140 Таеквондисти, меѓу кои и на Европски и Балкански шампиони, носители на медали на Олимписки игри. Покрај домаќините од Охрид и Македонија, најбројни се спортистите од Албанија и Црна Гора.

Учесниците се натреваруваат во неколку категории: машка, женска, кадети, јуниори и сениори, според официјалните правила на Светската Таеквондо Федерација (The official WT Competition Rules). На најдобрите ќе им бидат доделени признанија и плакети.

This slideshow requires JavaScript.