23/04/2024
Македонија

Свеченост и перформанс за Меѓународниот ден на танцот во Македонската филхармонија

Искра Шукарова, кореограф и професор на Факултетот за музичка уметност и  Урсула Еагли, кореограф од САД, заедно со студентите од катедрата за современ танц при ФМУ, на 29 април (недела) со современ танцов перформанс ќе го одбележат Меѓународниот ден на танцот. Настанот е закажан во 20 часот, најпрвин во фоајето, а потоа ќе продолжи во Камерната сала на Македонската филхармонија…
На одбележувањето на 29 април – Меѓународниот ден на танцот, ќе се сподели пораката од македонскиот автор Марко Мицов од страна на Македонскиот интернационален театарски институт кој оваа година слави 70-та јубилејна година од постоењето. Пораката ќе ја прочита Нина Костовска од Центарот за Даунов синдром во Македонија, со кои Шукарова соработува преку проектот „И јас сакам да бидам балерина“ подржан од УНИЦЕФ.
Танцовиот перформанс е овозможен со поддршка од Македонската филхармонија, а во соработка со ФМУ-УКИМ, како и од фондот GPS-Global Practice Sharing/Trust for Mutual Understanding and Movement Research.