19/04/2024
Охрид

Света архиерејска литургија за празникот Св. бесребреници Козма и Дамјан

Дебарско – кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре 14ти ноември 2017 година (вторник), во црквата „Св. Козма и Дамјан“ Варош – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“. Литургијата ќе биде со почеток во 8:45 часот, а на истата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

Дебарско – кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.