18/04/2024
Македонија

Светата маченичка Василиса

Светата маченичка Василиса

Деветгодишно девојченце. Пострада во Никомидија недолго после смртта на Свети Антим. Мачителите ѝ го прекрија со рани целото тело, но таа Му остана верна на Христа. Бог ја зачува во огнот и пред ѕверовите неповредена. Нејзиниот мачител Александар откако го виде тоа се покаја и ја прими верата Христова. Василиса излезе во полето, падна на колена да Му се помоли на Бога и да Му заблагодари за претрпените маки и го предаде духот свој на Господа околу 309 година.