19/04/2024
Охрид

Свети литургии и богослужба за празникот Рождество Христово Божик

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре на празникот Рожедство Христово Божик ќе се служи света архиерејска василиева литургија во црквата „Св.Георги“ – Охрид со почеток во 08:45 часот.

Ќе се служи света василиева литургија во сите парохиски цркви во Охрид со почеток во 08:30 часот. Во Плаошкиот манастир „Св.Климент и Св.Пантелејмон“ ќе има богослужба.