Свети литургии по повод празникот Слегување на Светиот Дух – Духовден

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 16. јуни 2019 година (недела), во црквата „Света Троица“ (населба Црногорци) – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Слегување на Светиот Дух – Духовден (Св.Троица) – Педесетница“ со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

17. јуни 2019 година (понеделник) „Ден на Светиот Дух – Духовден“, со почеток во 9:00 часот ќе се служи света архиерејска литургија во катедралниот храм „Св. Софија“ – Охрид, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

На овој ден богослужба ќе има само во црквата „св. Софија“ – Охрид (едноцрквие).

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на за-едничко прославување на овој празник.