18/04/2024
Охрид

Свети литургии за претстојните празници Собор на Св.Архангел Михаил и Преподобна Матрона

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 21ви ноември (вторник) 2017 година во манастирот „Св. Наум Охридски“ – Охрид, со почеток во 08:45 часот, ќе се служи света архиерејска литургија по повод празникот „Собор на Св. архангел Михаил“. На литургијата ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.

На 22. Ноември (среда) во манастирот „Св. Петка“ село Велгошти – Охрид, со почеток во 8:45 часот ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преподобна Матрона“ на која ќе чиноначалстува Неговото Високопреосвештенство Митрополит Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г.Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на учествување и зедничко прославување на овие празници.