Светски ден на учителот

Светскиот ден на учителот/наставниците се одбележува секоја година низ целиот свет и ги поврзува владите, мултилатералните и билатералните организации, невладините организации, приватниот сектор, наставниците и експертите во областа на наставата. Препознавајќи ги наставниците како клучни за постигнување на Програмата за образование 2030. Според Институтот за статистика на УНЕСКО, на светот му требаат 69 милиони наставници ако сакаме да постигнеме универзално основно и средно образование до 2030 година.

Одржувајќи се годишно на 5 октомври уште од 1994 година, Светскиот ден на наставниците ја одбележува годишнината од потпишувањето на Препораката на УНЕСКО и МОТ (Меѓународната организација на трудот) од 1966 година за статусот на наставниците, која ја прослави својата 50-годишнина за време на минатогодишното издание. Препораката од 1966 година претставува главна референтна рамка за адресирање на правата и одговорностите на наставниците на глобално ниво.

„Правото на образование значи право на квалификуван наставник“ – оваа тема беше избрана за да ја одбележи 70-тата годишнина од Универзалната декларација за човекови права (1948), каде што образованието е признаено како клучно фундаментално право, право кое не може да се исполни без квалификувани наставници.

WebOhrid