16/04/2024
Регион/Свет

Светски ден на животната средина

Светскиот Ден на животната средина е водечкиот/најзначајниот еколошки настан, кој се слави секоја година на 5 јуни во повеќе од 100 земји ширум светот. Воспоставен е во 1972 година од страна на Генералното Собрание на Обединетите Нации и неговото одбележување и е доделено на Програмата за животна средина на Обединетите Нации (УНЕП).

За 5 јуни да се воспостави како Ден на животната средина, целта била да се привлече вниманието на општеството, а посебно политиката, за последиците од еколошките промени и да се преземаат определени активности за заштита на животната средина. Во суштина, се одбележува во многу градови, училишта и асоцијации, вообичаено се организираат пригодни предавања, семинари, улични манифестации и сл.

Светскиот Ден на животната средина исто така треба да претставува и „интелектуален настан”, кој ќе обезбедува можности за семинари, работилници и симпозиуми за заштита на еколошкото здравје на нашата планета во корист на идните генерации. Медиумите имаат клучна улога, бидејќи настанот инспирира илјадници новинари од целиот свет да известуваат за животната средина.

Секој Светски ден на животната средина е организиран околу тема која го фокусира вниманието на особено важно прашање за животната средина. Темата за 2019 година, „Да се победи загадувањето на воздухот“, е повик за акција за борба против оваа глобална криза. Избрани од страна на овогодинешниот домаќин, Кина, темата оваа година ги поканува сите да размислат како можеме да го смениме секојдневниот живот за да се намали количината на загадување на воздухот, и да го спречиме нејзиниот придонес кон глобалното затоплување и нејзините ефекти врз нашето здравје.

Што предизвикува загадувањето на воздухот?

Разбирањето на различните видови на загадување и како тоа влијае врз нашето здравје и животната средина ќе ни помогне да преземеме чекори кон подобрување на воздухот околу нас. Често не можете да го видите, но загадувањето на воздухот е насекаде. Не можеме да престанеме да дишеме, но можеме да направиме нешто за квалитетот на нашиот воздух. Девет од десет луѓе ширум светот се изложени на ниво на загадувачи на воздухот што ги надминуваат нивоата на безбедноста поставени од Светската здравствена организација.

Причини за загадување на воздухот се: домаќинството, индустријата, транспортот, земјоделството, отпадот и други извори.

  • Домаќинство – Главен извор на загадување на воздухот во домаќинствата е внатрешно согорување на фосилни горива, дрво и други горива на база на биомаса за готвење и топлина. Околу 3,8 милиони прерани смртни случаи се предизвикани од загадување на воздухот во затворени простории секоја година.
  • Индустрија – Во многу земји, производството на енергија е водечки извор на загадување на воздухот. Енергетските централи кои горат јаглен се главен допринесувач, додека дизел генераторите се сé поголема загриженост во областите надвор од мрежата.
  • Транспорт – Глобалниот транспортен сектор покрива речиси една четвртина од емисиите на јаглерод диоксид поврзани со енергијата и овој процент се зголемува. Емисиите од транспорт се поврзани со речиси 400.000 предвремени смртни случаи.
  • Земјоделство – Постојат два главни извори на загадување на воздухот од земјоделството: добитокот, кој произведува метан и амонијак, и согорување на земјоделскиот отпад. Околу 24 проценти од сите емитирани стакленички гасови низ целиот свет доаѓаат во земјоделството, шумарството и други земјишни работи.
  • Отпад – Отпадот што се пали/гори и органскиот отпад во депониите ослободуваат штетни диоксини, фурани, метан и црн јаглерод во атмосферата. На глобално ниво, околу 40 проценти од отпадот се пали.
  • Други извори – Не сите загадувања на воздухот доаѓаат од човечката активност. Вулканските ерупции, песочните бури од прашина и други природни процеси, исто така, предизвикуваат проблеми.

WebOhrid

https://youtu.be/1rkBl2KIKAo