Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди

Изразувајќи загриженост за континуираното зголемување на сообраќајните несреќи, особено во земјите во развој, Генералното собрание на Обединетите нации во согласност со резолуцијата 60/5 ги покани земјите-членки и меѓународната заедница да ја одбележат третата недела во ноември секоја година како Светски ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди.

Од усвојувањето, одбележувањето на овој ден се прошири во поголем број земји на секој континент.

Темата за 2018 е: „Патиштата имаат приказни“ и е поврзана со вториот столб на Декадата за акција за безбедност на патиштата 2011-2020: Побезбедни патишта и мобилност.

Денот стана важна алатка во глобалните напори за намалување на жртвите на патиштата. Тој нуди можност за привлекување на внимание на степенот на емоционална и економска катастрофа предизвикани од несреќите на патиштата и за признавање на страдањето на жртвите и работата на службите за поддршка и спасување.

WebOhrid