19/04/2024
Охрид

Свежо цвеќе пред спомениците на охридските револуционери

По повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, делегација на Општина Охрид и на партиите ВМРО ДППМНЕ и ВМРО Народна партија,  пред спомениците на охридските револуционери Христо Узунов и Методи Патчев положија свежо цвеќе.

Годинава се навршуваат 125 години од формирањето на Македонскиот револуционерен комитет, кој е зачетник на организираната борба на македонскиот народ за самостојна држава.