25/04/2024
Охрид

Свикана четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид

Врз основа на член 40 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002) и член 26 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/2007), претседателката на Советот на општина Охрид, Живка Ангелоска, донесе Решение за свикување на четириесет и втората седница на Советот на општина Охрид на ден 30.04.2020 година (четврток).

Седницата ќе се одржи преку конференциска врска со употреба на интернет комуникација со почеток во 11:00 часот, а предложен е следниот:

Д Н Е В Е Н   Р Е Д

Усвојување на Записниците од 40. и 41. седница

  1. Предлог-oдлука за изменување на Oдлуката за утврдување на висината на надоместокот (закупнината) за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
  2. Предлог-oдлука за изменување на Одлуката за утврдување на висината на комуналната такса за користење на просторот пред деловните простории за вршење дејност.
  3. Предлог-заклучок.
  4. Предлог-годишна програма за измени и дополнување на Годишната Програма за поставување урбана опрема во општина Охрид за 2020 година.
  5. Предлог-одлука за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот Извештај за спроведување на утврдените тарифи за одведување на отпадни води за 2019 година за ЈП „Нискоградба Охрид“ – Охрид.