28/03/2024
Охрид

СВР и општинскиот Совет за безбедност на патиштата ќе им делат лампиони и стикери на возачите

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, утре, на симболичен начин со подарување на новогодишни лампиони и миризливи стикери со испишани порака за безбедно учество во сообраќајот, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, ќе им ја честита Новата 2018 година.

„На овој начин, на сите граѓани ќе им посакаме здравје, лична среќа, деловен успех и се најдобро во годината што следува. Воедно, потсетуваме дека во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници ќе бидат поставени на градскиот плоштад и приградските населени места, а сообраќајната полиција, ќе врши контрола на сообраќајот на целото подрачје. Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот, а граѓаните и туристите да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид. Истовремено, укажуваме на неопходноста од воздржување на употреба на петарди и други нелегални пиротехнички средства за време на новогодишната прослава. Апелираме до сите возачи да не управуваат моторни возила под дејство на алкохол и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.“ – велат од СВР и општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот.

Предвидено е, оваа превентивна активност да се реализира утре, 31.12.2017 година (недела) во 12 часот и 30 минути на булеварот „Туристичка“ наспроти бензиската на „Лук оил“ во Охрид.