СВР и ОСБСП Охрид им делеа лампиони на возачите

Секторот за внатрешни работи од Охрид во соработка со општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот, денес на симболичен начин со подарување на новогодишни лампиони и миризливи стикери со испишани пораки за безбедно учество во сообраќајот, на охриѓани и на туристите кои во Охрид ќе ја прослават новогодишната ноќ, им ја честита Новата 2018 година.

„Традиционално, Секторот за внатрешни работи – Охрид и оваа Нова година на сите охриѓани, на сите гости, на сите туристи кои што ќе слават Нова година во Охрид, на овој начин, со симболично доделување на лампион ќе им ја честита Новата година и ќе им посака се најдобро во новите 365 дена. Практично, ова е една превентивна кампања која што еве традиционално повеќе години ја реализираме во соработка со Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај. Оваа година кон оваа активност се вклучи и Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот на патиштата кој што на сите охриѓани, на сите туристи ќе им додели и миризливи стикери со пораки за безбедно возење и управување на автомобилите.“ – изјави Стефан Димоски, портпарол на СВР Охрид и претседател на Општинскиот Совет за безбедност на сообраќајот.

Во текот на новогодишната ноќ, полициски службеници ќе бидат поставени на градскиот плоштад и приградските населени места, а сообраќајната полиција, ќе врши контрола на сообраќајот на целото подрачје. Целта е да се зголеми степенот на безбедност во градот, а граѓаните и туристите да се чуствуваат безбедно и сигурно во Охрид.

This slideshow requires JavaScript.

WebOhrid