28/03/2024
Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава за охриѓанец кај кого биле пронајдени каписли

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, криминалистичката полиција при СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М. (59) од Охрид.

При извршен претрес во неговиот дом, пронајдени се и одземени седумдест иницијални каписли што сега пријавениот неовластено ги поседувал. По извршено вештачење со анализа на експлозивни средства во Министерството за внатрешни работи во Скопје, утврдено е дека тие претставуваат детонаторски каписли.