18/04/2024
ОхридСтруга

СВР Охрид со превентивна кампања за целосно почитување на мерките за заштита од Ковид 19

Со цел подигнување на совеста кај граѓаните за потребата од доследна примена на мерките за заштита од вирусот Ковид 19, денеска, СВР Охрид преку одделението за превенција, на целото подрачје (Охрид, Струга, Кичево и Дебар) реализира превентивна кампања за целосно почитување на препорачаните безбедносни мерки и протоколи за заштита од Ковид 19.

Во рамките на превентивните мерки, претставници на оделенијата за превенција во соработка со волонтери на Црвениот Крст, на граѓаните им поделија заштитни повеќенаменски маски, заштитни ракавици и пригоден флаер-пропаганден материјал со препорачаните совети и препораки за  заштита.

На овој начин, полициските службеници  покажаа грижата за јавното здравје  и јакнење на партнерството со граѓаните во примена на мерките и препораките за целосна заштита и справување на заканите од вирусот Ковид 19.