19/04/2024
Охрид

СВР Охрид со зајакнати акциски контроли во сообраќајот

Во текот на изминатот викенд, на целото подрачје на СВР Охрид, беа извршени зајакнати акциски контроли во сообраќајот.

Притоа, полициските службеници контролираа вкупно 179 патнички и други моторни возила (Охрид-38, Струга-43, Кичево-48 и Дебар-50), вкупно 109 возачи беа алкотестирани ( Охрид-27, Струга-30, Кичево-33 и Дебар-19) пришто, кај вкупно 10 возачи на моторни возила беше констатирано присуство на алкохол во крвта (Охрид-2, Струга-1, Кичево-4 и Дебар-3). Тие веднаш се исклучени од сообраќај и одземени им се возачките дозволи. Полициските службеници евидентирале 10 случаи на пречекорување на брзината на движење во населено место.

По овие, но и по други одредби од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, полициските службеници издале вкупно 20 мандатни платни налози (Охрид-2, Струга-12, Кичево-4 и Дебар-2) како и вкупно 13 барања за поведување прекршочна постапка (Охрид-2, Струга-4, Кичево-4 и Дебар-3).

Акцискате контроли беа спроведена со цел подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот и доследно почитување на одредбите од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата.