25/04/2024
Охрид

СВР Охрид врши редовна контрола на угостителските објекти

Секторот за внатрешни работи Охрид, во рамките на своите законски надлежности, на целото подрачје што го покрива, врши редовна контрола на угостителските објекти по низа законски основи. Контролите се вршат самостојно, но и во содејство со инспекциските служби при Локалната самоуправа.

Во текот на вчерашниот ден, СВР Охрид во координација со градежната инспекција, во врска со поставување на урбана опрема извршија контроли во неколку ресторани лоцирани на улицата „Коста Абраш“ во Охрид. Притоа, евидентирано е дека пред три објекти била поставена урбана опрема (маси и столици) на тротоар на улицата „Коста Абраш“ за што, два од нив имале решение за поставување на урбана опрема на тротоарниот дел во временскиот период од 19.00-05.00 часот, а во времето од 05-19 часот не поседувале дозвола за користење на просторот. Еден ресторант, воопшто не поседувал решение за поставување урбана опрема на наведениот простор.

За констатираните прекршоци, од страна на полициските службеници и инспекторите од градежната инспекција, составени се записници а на две физички лица од двата ресторанти, кои се затекнати при поставување урбана опрема на тротоарот на улицата „Коста Абраш“, изречени им се мандатно платежни налози за изложување на урбана опрема на јавна површина-тротоар. Овластените лица од градежната инспекција, дополнително ќе подготват решение за отстранување на урбаната опрема од тротоарот пред еден ресторант, а за останатите два објекти отстранувањето ќе биде направено доколку во наведениот период од 05 до 19 часот се затекне урбана опрема поставена на тротоарскиот дел од улицата „Коста Абраш“.